Agim Sulaj
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
ПРИШТИНА
Во Косово починаа 12 пациенти како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупниот број смртни случаи во земјата порасна на 744, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Информацијата преку соопштение ја потврди Националниот институт за јавно здравје на Косово.
Во соопштението се вели дека се дијагностицирани уште 491 нов случај на Ковид-19, со што вкупниот број на заразени со коронавирусот во земјата од почетокот на епидемијата се искачи на 23.425.
Во последните 24 часа во Лабораторијата за молекуларна микробиологија се направени 1.137 тестирања за Ковид-19, а од почетокот на епидемијата во Косово реализирани се вкупно 104.976 тестирања.
Од коронавирусот во Косово оздравеа вкупно 16.047 лица. Моментално има 6.634 активни случаи.