Admir Fazlagic
07 Ноември 2020•Ажурирај: 08 Ноември 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани рекордни 1285 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), што е рекордна бројка на регистрирани случаи на овој вирус во едно деноноќие, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Со ова, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во Северна Македонија од почетокот на епидемијата изнесува 38.782.
Од последиците на Ковид-19 се починати 14 лица, со што вкупната бројка на смртните случаи предизвикани од овој вирус во земјата се искачи на 1.110.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 176 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени пациенти изнесува 23.011. Бројката на активни случаи на Ковид-19 во земјата изнесува 14.661.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3.404 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 268.932 тестирања.