Adel Ömeragiç
16 Февруари 2017•Ажурирај: 16 Февруари 2017
ПОДГОРИЦА (АА) - Неколку илјади Црногорки предводени од мајките на три или повеќе деца, незадоволни поради намалувањето на социјалниот надоместок, денес насилно се обидоа да влезат во зградата на Владата на Црна Гора во Подгорица, во што беа спречени од полицијата, јавува Anadolu Agency (AA).
Мајките на три и повеќе деца, чии надоместоци се намалени за 25 отсто од 1. јануари оваа година, денес излегоа да протестираат во Подгорица. Мајките најпрво се собраа пред зградата на Собранието на Црна Гора, а потоа тргнаа кон Владата.
По доаѓањето пред црногорската Влада, жените ја турнаа заштитната ограда и насила се обидоа да влезат во зградата на Владата.
Повеќе илјади жени моментално се наоѓаат пред Владата, чија зграда ја обезбедуваат единиците на специјалната полиција.
Засега нема приведени лица.