Zülfiya Yakup
16 Февруари 2017•Ажурирај: 17 Февруари 2017
ПРИШТИНА (AA) - Собранието на Косово денеска одржа свечена седница по повод одбележувањето на 17. февруари, Денот на независноста на Косово. Покрај пратениците и највисоките косовски функционери, на седницата присуствуваа премиерот на Албанија, Еди Рама и странски дипломати акредитирани во Косово, јавува Anadolu Agency (AA).
Претседателот на Косово, Хашим Тачи истакна дека 17. февруари е свет ден за Косово и неговата историја. Тој рече дека Собранието на Косово пред девет години исполнило еден сон и започнало друг сон, за изградба на Косово на слободарски начела.
„Косово е денеска признено од 82 отсто земји на ЕУ, од 86 отсто земји на НАТО, 56 отсто земји на ОН, 100 отсто земји на Пацифичките острови, 61 осто од Организацијата за исламска соработка, 57 КАРИК и 49 отсто од Африканската унија. Изградивме демократски институции кои се соочуваа со политички предизвици, изградивме полиција, најпрофесионална во регионот", рече Тачи.
Премиерот на Косово, Иса Мустафа, изјави дека Косово денеска е демократска земја, која произведува мир на Балканот и е дел од сите регионални, европски и глобални иницијативи кои промовираат безбедност и просперитет. Мустафа, истовремено, нагласи дека Косово во случај на провокациите кои го загрозуваат суверенитетот на земјата се однесува зрело како кредибилна држава.
Зборувајќи за најновите достигнувања на Косово, Мустафа го истакна економскиот напредок.
„На оваа 9. годишнина на нашата држава имаме една добра вест за Косово. Во склад со постојаниот економски раст, постигнавме оваа година да го надминеме прагот на сиромаштијата и според критериумите на Светската банка, оваа година нашата земја ќе се смета за земја со средни примања", рече премиерот.
На свечената седница говореше и претседателот на Собранието на Косово, Кадри Весели, кој рече дека сеќавањето на борците за слобода ќе биде вечно, како и благодарноста на демократскиот свет, на земјите на ЕУ и САД, на нивната поддршка за слобода и независноста на Косово.
„На оваа 9. година од постоење, нашата држава, Република Косово, забележи клучни достигнувања и и било несреќно тоа да се негира и потценува. Нашата држава е силно западно ориентирана, со идентитетот и вредностите, а 113 држави ја признаа нашата сувереност и тоа не е малку, доколку се имаат во предвид меѓународните околности кои се полни со контрадикторност", рече Кадри Весели.
Пратениците на опозициското „Самоопределување" и Иницијативата за Косово, го бојкотираа говорот на претседателот Тачи.