Senita Şeherçehayiç
19 Декември 2018•Ажурирај: 20 Декември 2018
БЕЛГРАД (AA) - Потпретседателката на Владата на Србија и министерката на градежништво, сообраќај и инфраструктура Зорана Михајловиќ, претседателот на турската компанија „Ташјапи" Емрулах Туранли и вршител на должноста директор на Јавното претпријатие Патишта Србија, Зоран Дробњак, потпишаа комерцијален договор за проектирање и изградба на првата делница на автопатот Белград-Сараево, од Сремска Рача до Кузмин, вреден 250 милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
На потпишувањето на комерцијалниот договор во Владата на Србија во Белград присуствуваше и министерот за транспорт и инфраструктура на Република Турција Мехмет Џахит Туран.
„Без поврзување нема стабилност и нема поважни работи за нашиот регион од инфраструктурното поврзување. Изградбата на автопатот Белград-Сараево е почеток на подобро поврзување на Србија и Босна и Херцеговина кои ќе овозможат побрз развој на регионот, а задача на нас политичарите е да создадеме услови граѓаните во нашиот регион да живеат подобро", рече Михајловиќ по потпишувањето на комерцијалниот договор, соопштено е од Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура на Србија.
Михајловиќ рече дека комерцијалниот договор кој е потпишан овозможува да се тргне во изработка на една од две делници од кружниот автопат Белград-Сараево, од Сремска Рача до Кузмин, заедно со изработка на проектната документација.
„Се надеваме дека идната година ќе потпишеме финансиски договор, а во 2020 ќе започнат работните активности. Од изведувачите на работите очекуваме тие да бидат изведени во согласност со договорот и на време", рече Михајловиќ.
Нагласи дека реализацијата на овој проект е важна за добрите односи помеѓу Турција и Србија и дека претставува директен резултат на пријателските односи помеѓу српскиот претседател Александар Вучиќ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
Михајловиќ додаде дека трговските односи на Србија и Турција бележат раст од година во година: Трговската размена во 2017 година изнесуваше милијарда евра, што е четири пати повеќе отколку во 2009 година, а ќе направиме се таа размена во иднина да надмине две милијарди евра."
Турскиот министер за транспорт и инфраструктура Мехмет Џахит Турхан рече дека Турција ја смета Србија за важен фактор за стабилност во регионот и дека договорот кој денес е потпишан е само почеток кога е во прашање понатамошното унапредување на односите помеѓу двете земји.
„Еден од показателите колкаво значење Турција ѝ придава на Србија е тоа што Србија ја сметаме за сосед, иако помеѓу нашите држави нема физичка граница. Претседателите на Турција и на Србија дадода голем личен придонес во унапредување на односите на двете земји, 'Ташјапи' е една од нашите најдобри компании и верувам дека овој голем проект успешно ќе се реализира", рече Турхан и додаде дека реализацијата на вака голем проект придонесува кон развојот, стабилноста и мирот во регионот.
На чинот на потпишувањето на договорот присуствуваше и потпретседателот на Владата на Србија и министерот за трговија, туризам и телекомуникации Расим Љајиќ кој рече дека потпишувањето на договорот е резултат на најдобрите можни односи на двете земји, одличните лични односи на претседателите на двете земји, како и постоењето на трилатералата Србија - Турција - Босна и Херцеговина.
Од српското министерство е соопштено дека комерцијалниот договор опфаќа изработка на план за детални регулации, проекти и изведување на работите на изработка на делницата Сремска Рача- Кузмин, со новиот мост преку реката Сава и изработка на проектно-техничка документација за другата делница на автопатот Белград - Сараево, од Пожега до Котроман.
Со компанијата „Ташјапи" денес се потпишани и два договори од областа на градењето станови. Договорите се однесуваат на изградба станови во Врање и Ниш во рамките на програмата за изградба на станови за безбедносните сили на Србија.
На потпишувањето на договорот во Владата на Србија присуствуваше и амбасадорот на Република Турција во Србија Танжу Билгич.
Пред потпишувањето на договорот, Михајловиќ и турскиот министер Турхан имаа состанок, после кој е одржан и заеднички состанок со на српското министерство со турската делегација при што е разговарано за соработката на инфраструктурни проекти, како и соработка во областа на патниот и воздушниот сообраќај.