Husamedin Gina
07 Јануари 2022•Ажурирај: 10 Јануари 2022
СКОПЈЕ
Православните христијани во Северна Македонија денеска го слават едниот од двата најголеми празници во христијанството, Божиќ, јавува Агенција Анадолија (AA).
Во сите храмови на Македонската православна црква (МПЦ) изутринава се одржуваат божиќни литургии, a централното одбележување се одржа во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје, каде што литургија одржа архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан.
По повод Божиќ, архиепископот охридски и македонски, заедно со Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, до свештенослужителите, монаштвото и до сите верници, упати Божиќно послание во кое пожелува мир и благослов од Бога за сите.
По божиќната литургија, во Соборниот храм беше прочитана пораката на архиепископот охридски и македонски, г. г. Стефан. Пораката ја прочита отец Сашо.
Во божиќната порака, г. г. Стефан нагласува дека добриот однос со Бога и со луѓето постојано треба да се создава и да се негува, и дека во новата година посакува да се победат злото и непријателствата кои владеат во светот.