Vesna Besiç
08 Мај 2019•Ажурирај: 08 Мај 2019
САРАЕВО (AA) - На вториот ден од Годишниот состанок на Одборот на гувернерите на Европската банка за обнова и развој (EBRD) во Сараево пристигнаа лидерите на Западен Балкан, кои, како што е најавено, ќе разговараат за бројни теми од економска и политичка природа, од важност за целиот регион, јавува Anadolu Agency (AA).
„Со поврзувањето на економиите до поголем раст“ е фокусот на Годишниот состанок на Одборот на гувернерите на Европската банка за обнова и развој (EBRD), кој почна вчера во Сараево.
За клучните теми за регионот ќе говорат претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев, и министерот за финансии на оваа земја, Драган Тевдовски, и премиерот на Албанија, Еди Рама. Босна и Херцеговина, во овој дел на програмата ќе ја претставува претседавачот со Советот на министри на БиХ, Денис Звиздиќ.
Во фокусот на состанокот и форумот во Сараево ќе биде и изградбата на Коридорот 5с, паневропскиот коридор кој ја поврзува Средна Европа со БиХ, и средствата кои ќе бидат поврзани за енергетскиот сектор. Се очекува потпишување на низа договори меѓу институциите во БиХ и претставниците на ЕБРД.
Се очекува организирање на повеќе од 40 настани на шест локации, а преку инвестициската агенда и сесија ќе бидат претставени секторите во БиХ за кои се верува дека имаат потенцијал, а тоа се ИТ-секторот, туризмот, автоиндустријата, производството на храна и развој на дрвната индустрија.
На самитот на лидерите на Западен Балкан ќе биде разговарано за поголем економски раст, развој на инфраструктурата (патната, енергетската и дигиталната), но и за други актуелни теми.
Воведната седница на Одборот на гувернерите ќе се одржи денес, со обраќање на почесниот гостин кој ја претставува државата домаќин, Јирки Каитаинен, потпретседателот на Европската комисија за работни места, раст, вложувања и конкуретност, и Сума Чакарбатри, претседателот на ЕБРД.
За денес, исто така, е планиран и состанок на лидерите на Западен Балкан.