Furkan Abdula
23 Декември 2021•Ажурирај: 24 Декември 2021
ПОДГОРИЦА (АА) – Претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп е примен од црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ, јавува Агенција Анадолија (АА).
Приемот на Шентоп од Кривокапиќ се одржа во Вила Горица и беше затворена за медиумите.
Според добиените информации, Шентоп на средбата потсетувајќи дека претседателот Реџеп Таип Ердоган во август престојуваше во историска и многу успешна посета на Црна Гора, рече дека ја потврдува решеноста за унапредување на пријателските, братски и билатерални односи.
Истакнувајќи дека претседателот Ердоган во Црна Гора имал многу корисни контакти на високо ниво, Шентоп потсети дека во овој контекст е договорено зголемување на обемот на билатералната трговија на 250.000 милиони долари.
Осврнувајќи се на односите меѓу парламентите, Шентоп рече дека му придаваат значење на забрзувањето на соработката меѓу парламентите на двете земји и дека посакуваат досегашната соработка да се развива континуирано.
Наведувајќи дека во рамките на протоколот за соработка потпишан денеска меѓу двата парламента како прво започнале размена на знаења и искуства меѓу административните организации, Шентоп додаде дека сакаат да ги зајакнат односите меѓу парламентите, но и меѓу специјализираните комисии и групите за пријателство.
Верувајќи дека уште поблиску ќе соработуваат во формирањето на Групата за пријателство со Турција во црногорскиот парламент, Шентоп нагласи дека Црна Гора за нив е еден од најважните чинители на стабилноста и мирот на Балканот.
Меѓу другото Шентоп го повтори своето уверување дека со придонесот на Кривокапиќ, Црна Гора ќе ја зачува својата мултикултурна, мулти религиозна и мултиетничка структура и во иднина.
Изразувајќи дека е задоволен што имаат одлични односи и дијалог на високо ниво како две пријателски и сојузнички земји, Шентоп истакна дека е уверен оти повторното забрзување на контактите на високо ниво, кои се намалија поради ефектот на епидемијата, ќе придонесе во продлабочувањето на исклучително позитивните односи меѓу двете земји.
Наведувајќи дека зголемениот обем на билатерална трговија оваа година е негативно погоден од епидемијата, Шентоп рече дека ги охрабруваат турските компании да инвестираат во работни места што ќе создадат вработувања во секторите како што се туризмот, здравството, градежништвото и инфраструктурата.
Шентоп истакна дека постои голем потенцијал и за соработка во областа на културата и образованието, и посочи дека проектите на ТИКА во областа на реставрацијата, образованието и здравството, како и културно-уметничките активности на Институтот „Јунус Емре“, опфаќаат важна димензија во односите меѓу две земји.
Претседателот на Големото национално собрание на Турција потсетувајќи дека ТИКА досега има спроведено 399 проекти и активности во Црна Гора, додаде дека турскиот културен центар „Јунус Емре“ во Подгорица, од своето основање досега овозможил 1.686 лица да го учат турскиот јазик.