Furkan Abdula
20 Декември 2022•Ажурирај: 21 Декември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Претседателот на Големото народно собрание на Туркије (ТБММ), Мустафа Шентоп, во рамки на посетата на Скопје, ја посети Султан Муратовата џамија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Шентоп и делегацијата добија информации од претставниците за џамијата, која беше обновена од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА), како и за Саат кулата во дворот на џамијата.
Шентоп ја обиколи и внатрешноста на џамијата.
По посетата на Султан Муратовата џамија, Шентоп заедно со делегацијата заминаа во посета на женскиот студентски дом „Шуле Јуксел Шенлер“.
Претседателот на турското Собрание од раководителите на студенстскиот дом беше запознаен со активностите на домот.