Seyyid Emin,Furkan Abdula
23 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
РАДОВИШ (АА) - Во радовишкото село Аликоч се одржа ифтар организиран од страна на Претседателството на Турците во странство и сродните заедници (YTB) и Сојузот на турските невладини организации во Македонија (МАТУСИТЕБ), јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарот учествуваа министерот без ресор во Владата на Северна Македонија задолжен за странски инвестиции, Елвин Хасан, координаторот на YTB за Балканот, Недим Арслан, претседателот на партијата за Движење на Турците (ТХП) и пратеник во Собранието на Северна Македонија, Енес Ибрахим, претседателот на МАТУСИТЕБ, Хусрев Емин, како и пратеници, претставници на различни институции во земјата, како и бројни поканети гости.
Координаторот на YTB за Балканот, Недим Арслан, во село Аликоч се сретна со Јуруците. „Во село Аликоч се сретнавме со нашите сонародници, Јурици, Турци. Со нив одржавме ифтар“, рече тој.
Арслан нагласи дека денес тука се наоѓаат за да покажат дека Турција секогаш ќе биде до нив.
Министерот Хасан рече дека Аликоч е значајно населено место во Радовиш.
„Пред да бидам назначен за министер во Владата на Република Северна Македонија, бев наставник во овој регион. Денес сум особено среќен и горд“, додаде тој.
Претседателот на МАТУСИТЕБ, Емин, нагласи дека заедно со YTB организираат различни културни програми, и дека овие настани го зајакнуваат единството на нивните соанродници.
Емин упати благодарност до претседателот на YTB, Абдуллах Ерен, и координаторот на YTB за Балканот, Недим Арслан, за организирање на овој настан.
Граѓаните кои учествуваа на ифтарот, имаа прилика да ги следат и различните културни програми организирани по овој повод.