Meryem Kasım
27 Февруари 2016•Ажурирај: 28 Февруари 2016
ГАЗА (АА) - Семејствата на четирите палестински момчиња, киднапирани во август минатата година на Синајскиот Полуостров во Египет, побараа од египетските власти што е можно поскоро да ги најде нивните деца, јавува Anadolu Agency (AA).
Семејствата на киднапираните се состанаа во Газа пред зградата на поранешното египетско претставништво. Во име на семејствата, Мухамед Султан потсети дека вооружени лица минатата година ги киднапирале нивните деца и дека шест месеци немаат информации за нив.
Тие ја повикаа египетската влада и Меѓународниот Црвен крст, Арапската унија и Организацијата за исламска соработка да се вклучат во потрагата за децата.
Момчињата Јасер Зенун (28), Хусеин ез-Зубде (28), Абдула Aбул Себин (22) и Aбдудаим Ебу Лубде (24) беа киднапирани на 19 август минатата година во автобус кој се движел од египетскиот граничен премин Рефах кон Меѓународниот аеродром во Каиро. Тие биле киднапирани од вооружени лица, кои претходно го извршиле нападот на автобусот.