Dzihat Aliju
22 Мај 2019•Ажурирај: 23 Мај 2019
СКОПЈЕ (АА) – Во Скопје вечерва беше организиран ифтар за млади, јавува Anadolu Agency (AA).
На ифтарската вечер органнизирана од страна на турската Црвена полумесечина и Институтот „Јунус Емре” - Скопје, одржана во Куршумли Ан, во Старата скопска чаршија присуствуваа советникот за верски прашања при Турската амбасада во Скопје, Мурат Алкан, сруденти, академици и голем број гости.
Адил Сезенгоз од турската Црвена полумесечина во својот говор на инфтарската програма ги поздрави младите во име на турскиот народ и од името на почесниот претседател на Црвената полумесечина и претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган и претседателот на турската Црвена полумесечина, Керем Киник, рече дека со нивна поддршка турската Црвена полумесечина стана организација број еден во светот.
„Увидов едно општество каде луѓето од различни етнички заедници и од различни верувања живеат во мир”, истакна Сезенгоз додавајќи дека околу една недела се наоѓа во Северна Македонија.
Тој, исто така, истакна дека Меѓународниот балкански универзитет (ИБУ) во оваа мирна заедница е едно гнездо за наука и дека студентите од овој универзитет треба да бидат први во приширувањето на овој мир низ целиот свет.
Директорот на инстутот „Јунус Емре” - Скопје, Серхат Кула, истакнувајќи дека верува во тоа дека младите се надеж за иднината нагласи: „Мислам дека студентите се архитектите на надешта.”
Додавајќи дека младите може да се соочат со настани каде што ќе ја изгубат надешта, Кула рече дека на тоа не треба да посветат внимание, туку треба да го искористат секој момент за да ја изградат нивната иднина.
Ифтарска програма заврши со концерт и сценска изведба подготвена од страна на младите.