Zülfiya Yakup
04 Март 2017•Ажурирај: 05 Март 2017
ПРИШТИНА (АА) - Илјадници граѓани на Косово денесна се собраа во центарот на Приштина, на плоштадот „Скендербег”, за да ја изразат својата поддршка за Рамуш Харадинај, поранешен премиер на Косово, кој веќе два месеци чека францускиот суд да се изјасни по барањето за негово испорачување од страна на Србија, јавува Anadolu Agency (AA).
Србија го обвинува Харадинај за извршен воен злочин во 1999 година за време на војната во Косово.
Денешниот протест е организиран од страна на партијата на Харадинај, Алијансата за иднина на Косово, а беше подржан и од голем број на други косовски политички партии, организација на ветераните на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и невладини организации.
Граѓаните носеа национални албански и американски знамиња, извикувајќи: „Рамуш харадинај е Косово”, „УЧК” (ОВК). Поранешниот командант на ОВК, Рамуш Харадинај, на учесниците на протестот им се обрати со видео-порака, заблагодарувајќи им се за поддршката.
„Доколку го следиме нашиот пат и правец, тој правец ќе ни ја донесе нашата победа и ќе ни се оствари правото да живееме слободно на нашата земја и во нашата држава”, рече Харадинај.
Претседателот на општина Приштина и потпретседател на опозициската партија „Самоопределување”, Шпенд Ахмети, обраќајќи им се на насобраните граѓани, истакна дека задржувањето на Харадинај не е случајно и дека е поврзано со неговото противење за ратификување на договорот за демаркација на границата со Црна Гора. Ахмети додаде дека во Франција не е заложник само Харадинај, туку целиот албански народ.
„Доколку мислите дека се обвинува само Харадинај, грешите. Тие го обвинуваат целиот косовски народ и ни се закануваат со лажни обвинувања кои не ги прифативме тогаш, а нема да ги прифатиме и денеска”, рече Ахмети.
Истовремено, Даут Харадинај, брат на Рамуш Харадинај и пратеник во собранието на Косово, рече дека големиот собир во Приптина покажува дека Рамуш Харадинај не е сам. Даут и порача на косовската влада дека демаркацијата на границата со Црна Гора нема да помине.
„Имаат можност да кажат 'не' за дилјалогот со Србија, се додека Србија не упати извинување до албанскиот народ за своите злосторства. Имаат прилика да кажат 'не' за демаркацијата, која ќе му наштети на Косово за 8.800 хектари земја. Ние не сме за демаркација со Црна Гора, но не сме подготвени да дадеме ниту едем метар од земјата”, рече Даут Харадинај.
На протестот во Приштина зборуваше и поранешниот амбасадор на ОБСЕ за Косово, Вилијам Волкер, кој ја израси својата солидарност со Рамуш Харадинај и граѓаните на Косово.
„Отсекогаш мислев дека судскиот систем на Франција е најдобар насветот. Но ова што сега му се случува на косовскиот херој, по мое мислење е срамота. Тука сум да се солидаризирам со сите кои веруваат во правда, не користејќи го судството за политички цели”, рече Волкер.
Протестот измина мирно и без инциденти. Објавувањето на одлуката на францускиот суд по барањето на Србија за испорака на Рамуш Харадинај е најавена за месец дена, бидејќи од Србија се побарани дополнителни информации.