Ekipa
05 Март 2017•Ажурирај: 06 Март 2017
АНКАРА (АА) – Примената на безбедносниот договор потпишан помеѓу Албанија и Турција во 2015 година, може да го доведе крајот на терористичката организација ФЕТО, која што е вгнездена во земјата.
Според информациите на Anadolu Agency (AA), потпишаниот договор помеѓу владите на Албанија и на Турција во 2015 година е за соработка во областа на безбедноста.
Договорот објавен на 9 јули 2015 година во Службениот весник на Албанија, опфаќа меѓусебно помагање на двете земји околу спречувањето на заканите преку овластените институции, обезбeдување на јавна безбедност и спречување на криминалот во врска со лицата коишто се бараат, сето тоа во рамките на законите на двете земји.
Договорот предвидува соработка помеѓу двете земји во врска со лицата коишто го повредуваат достоинството на луѓето во однос на основните права како што се здравството и слободата, соработка за организираните криминални групи, тероризмот и неговото финансирање, илегалниот влез и трговијата со луѓе, криминалот што може да се изврши преку странски инвестиции, против перењето пари.
Меѓу ставките од договорот се наоѓа и членот за назначување одговорни лица во амбасадите и преку овој потег да се воведе подобра координација со цел зголемување на соработката помеѓу двете земји.
Се наведува дека доколку се преземе акција во Албанија, каде што ФЕТО е структуирана многу длабоко, согласно договорот во кој што постои и членот за „откривање и конфискување на финансиите коишто се употребуваат во организираниот криминал“, може да резултира со крај на присуството на ФЕТО во земјата.
- Структуирањето на ФЕТО во Албанија -
Во Албанија се наоѓаат 12 училишта поврзани со ФЕТО. Организацијата со своите активности започнала со основање на фондација во 1993 година, позната по нејзината идеолошка блискост со лидерот на ФЕТО, Фетула Ѓулен, а првите училишта се отворени во главниот град Тирана и во градовите Скадар и Драч.
Освен тоа, уште два универзитета во Албанија се познати по нивната блискост со организацијата.
Се наведува дека преку фондација осонована во 1994 година, со преземањето на медресите (теолошки средни училишта) во Каваја, Корча, Берат, Елбасан и Тирана, ФЕТО се вмешала и во теолошкото образование, и отворила друга врата за финансиски примања преку приватизирање на овие училишта коишто давале бесплатна настава.
Албанските студенти што студирале во Турција, по нивното враќање во својата земја организацијата ги сместувала во Исламската заедница, и на тој начин ја контролирала и Исламската заедница во земјата.
Освен активностите во однос на организирањето курсеви за странски јазици и училишта, ФЕТО е активна и во граѓанските здруженија. Здружение блиско со организацијата собира пари од Албанците наменети за „годишно учество“, „пари за курбан“ и „помош“. Исто така се тврди дека ФЕТО добивала и финансиска поддршка од турските бизнисмени кои што доаѓале во Албанија, преку една комора во оваа земја за која што се знае дека е блиска со организацијата.
Организацијата е влијателна и во медиумскиот сектор, и се обидува да ги држи медиумите под контрола преку луѓето што ги има инфилтрирано во медиумските институции. Организцијата продрела и во отсекот за новинарство на одредени универзитети, и со вработување на влијателни луѓе на своите универзитети има за цел да доминира во медиумите.