Admir Fazlagic
08 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - На Автопатот Гевгелија – Скопје вчеравечер се пронајдени 56 мигранти во товарно возило, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„На 07.03.2020 година на Автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка „Миравци“, при контрола на товарно возило ДАФ со скопски регистарски ознаки, со приколка, управувано од И.Д. (46) од Скопје, затекнати се 56 лица мигранти, од кои 54 од Пакистан и двајца од Авганистан. И.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица“, се вели во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија.
Според соопштението, по целосното документирање на случајот против лицето И.Д. ќе биде поднесена соодветна пријава.