Mehmet Hatipoğlu
21 Февруари 2019•Ажурирај: 22 Февруари 2019
АТИНА (АА) – Во Грција, вработените во локалната власт, кои се противат на прекинувањето на дополнителниот надоместок за хигиеничарите, упаднаа во зградата на грчкото Министерство за финансии, јавува Anadolu Agency (AA).
По повикот на Федерацијата на вработените во локалната самоуправа (ПОЕ-ОТА) вработените во локалната власт денеска започнаа со 24 часовен штрајк. Демонстрантите кои се собраа пред зградата на Министерството за финансии, која се наоѓа во центарот на главниот град Атина, протестираа против одлуката на Владата за прекинувањето на дополнителниот надоместок за хигиеничарите.
Некои од демонстрантите преминувајќи го полицискиот кордон од пред зградата се качија на 4 спрат каде се наоѓа канцеларијата на министерот за економија, Ефклидис Чакалотос. Поради тоа што Чакалотос не се наоѓаше на своето работно место демонстрантите се сртенаа со заменик-министер за финансии Стергиос Пичиорлас и побараа да не се прекинe дополнителниот надоместок за хигиеничарите.
Откако Пичиорлас вети дека ќе ги пренесе барањата на работниците до Чакалотос, демонстрантите ја напуштија просторијата во која се наоѓа канцеларијата на министерот.
И покрај излегувањето на Грција од програмата за спасување и понатаму е под ригорозна контрола на Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ). Во тој контекст, мерките за штедење, што ги бараа доверителите често предизвикуваат протести.