Bojana Stojanovic
04 Ноември 2020•Ажурирај: 04 Ноември 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија шест лица починаа од последиците на Ковид-19 во изминатите 24 часа, а заразени се уште 2.412 лица, што претставува најголем број на заразени од почетокот на појавата на вирусот во земјата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Вкупно се регистрирани 53.495 случаи на Ковид-19, а до денес се хоспитализирани 2.014 лица.
Од вчера, тестирани се 12.617 лица, од кои 2.412 се позитивни на Ковид-19.
Во истиот период починаа шест лица, со што бројот на починати се зголеми на 850. Процентот на смртност изнесува 1,59 отсто.
На респиратори се приклучени 53 пациенти.
Досега тестирани се 1.376.236 граѓани.