Admir Fazlagic
19 Март 2020•Ажурирај: 19 Март 2020
СКОПЈЕ (АА) - Министерсвото за здравство на Северна Македонија соопшти дека се потврдени седум нови случаи на лица заболени од коронавирус (Ковид-19) со што вкупната бројка на заболени од овој вирус се искачи на 42, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според објавата на официјалниот профил на социјалните мрежи на Министерството за здравство на Северна Македонија „од 38 тестирани позитивни на коронавирус се 7 лица, 3 од Дебар и 4 од Скопје."
„Во текот на денешниот ден се регистрирани вкупно 11 нови случаи на коронавирус. Со ова, бројката на заболени од вирусот во земјата изнесува 42. Состојбата на сите пациенти е стабилна. Двајца од заболените имаат средно изразена пневмонија", се вели во објавата на министерството.
Како што се наведува во објавата, во моментов се работат уште 22 теста и тие се во рамките на скринингот. За резултатите од овие тестови Министерството за здравство ќе информира во текот на утрешниот ден.
Потсетуваме, претседателот на Северна Македонија Стево Пендаровски во своето обраќање до јавноста вечерва прогласи вонредна состојба на територијата на целата држава, со цел борбата против ширењето на коронавирусот.