Furkan Abdula
17 Ноември 2021•Ажурирај: 18 Ноември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија вчера се аплицирани над 4.000 дози вакцини против новиот вид коронавирус (Ковид-19), пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на Министерството за здравство, во земјата вкупно се аплицирани 1.662.152 дози вакцини против овој вирус.
„Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.207 дози вакцини, од кои 1.515 се аплицирани како прва доза, 930 се ревакцинирани, а 1.732 граѓани примиле трета доза вакцина“, се вели во соопштението.
„Заклучно со 16 ноември вкупно се вакцинирани 817.079 граѓани, ревакцинирани се 786.941, а трета доза примиле 58.132 граѓани“, се додава во ова соопштение.
Како што се наведува во соопштението на ова министерство, 57 отсто од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.
„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 48 отсто од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39 отсто од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38 отсто од популацијата во државата примила две дози вакцина.“, се наведува во соопштението.