Ekipa
11 Февруари 2022•Ажурирај: 12 Февруари 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 1.348 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 284.875, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 11 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин пријавени се 8 лица починати во периодот од 01.- 09.02.2022 година. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 8.705.
Институтот за јавно здравје регистрира 1.247 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 264.443.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 11.727.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.996 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.838.584 тестирања.