Ekipa
05 Март 2022•Ажурирај: 06 Март 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 370 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 299.419, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 3 починати лица од Ковид-19. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин дополнително се пријавени уште 7 починати. Билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.075.
Институтот за јавно здравје регистрира 391 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 287.518.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 2.826.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.148 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.904.443 тестирања.