Husamedin Gina
01 Јуни 2021•Ажурирај: 02 Јуни 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 37 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 155.304, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 10 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.423.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 90 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 148.798.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 1.083.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.108 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 799.265 тестирања.