Furkan Abdula
20 Мај 2021•Ажурирај: 21 Мај 2021
СКОПЈЕ
Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 50 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) кои ја зголемија вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата на 154.937, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Од последици предизвикани од Ковид-19 во последното деноноќие починаа 16 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 5.265.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 133 оздравени пациенти од Ковид-19, a вкупната бројка на оздравени изнесува 146.632.
Бројот на активни случаи на Ковид-19 во Северна Македонија изнесува 3.040.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 2.533 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 765.984 тестирање.