Furkan Abdula
03 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 108 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 343.069, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.537.
Институтот за јавно здравје регистрира 135 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 333.067.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 465.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 976 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.170.602 тестирања.