Almir Terzic
02 Октомври 2022•Ажурирај: 04 Октомври 2022
САРАЕВО (АА) - Во Босна и Херцеговина утринава се отворени 5.903 избирачки места на кои можност за гласање на општите избори ќе имаат 3.368.666 гласачи запишани во Централниот избирачки список, јавува Агенција Анадолија (АА).
Избирачките места се отворени за гласање од 7 до 19 часот.
Гласањето се врши на 5.418 редовни избирачки места, преку 352 мобилни тимови ќе се организираат 105 избирачки места за гласање на непотврдени гласачки ливчиња, 21 избирачко место се во дипломатско-конзуларните претставништва на Босна и Херцеговина во 15 земји, и седум избирачки места во отсуство/лично (раселени во рамките на БиХ).
Во Централниот избирачки список за општите избори 2022 година се запишани 3.368.666 гласачи.
На изборите учествуваат 145 политички субјекти (90 политички партии, 17 независни кандидати и 38 коалиции).
На гласачките ливчиња се наоѓаат имињата на 7.258 кандидати.
За Претседателството на Босна и Херцеговина се пријавени вкупно десет кандидати. За Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Херцеговина 752 кандидати, Претставничкиот дом на Парламентот на Федерацијата Босна и Херцеговина 1.230 кандидати, за Народното собрание на Република Српска 1.429 кандидати, за претседател и потпретседател на ентитетот Република Српска 31 кандидат, а за собранијата на кантоните во ентитетот Федерација Босна и Херцеговина 3.806 кандидати.
Се избираат вкупно 518 членови на органите на власта. Имено, се избираат тројца членови на Претседателството на БиХ, во Парламентарното собрание на БиХ вкупно 42 пратеници - од ФБиХ 28 и од РС 14, за Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ 98 пратеници, Народното собрание на РС 83 пратеници, како и претседател и двајца потпретседатели на РС.
На гласачките ливчиња се наоѓаат имињата на 7.258 кандидати.
Во 10-те кантони се бираат вкупно 289 претставници.
На општите избори 2022 година ангажирани се над 50.000 редовен и вонреден персонал на изборната администрација.
Работата на изборната администрација, процесот на гласање и пребројувањето на гласовите ќе бидат надгледувани од околу 60.000 акредитирани набљудувачи.
Новостите на овие избори се значајни за јавноста, пред сè, за гласачите, со поддршка на Владата на Обединетото Кралство изработени се 6.090 безбедносни еколошки печати, по еден за секое избирачко место. Безбедносниот печат ја одредува автентичноста и безбедносната исправност на гласачкото ливче.
Гласачката кабина/параванот е свртен кон избирачкиот одбор и набљудувачите со цел да се спречи можноста за фотографирање или замена на гласачките ливчиња.