Furkan Abdula
13 Септември 2022•Ажурирај: 14 Септември 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатите 24 часа во Северна Македонија регистрирани се 165 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на пандемијата во земјата достигна 341.748, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Пријавени се 3 починати лица од Ковид-19, со што билансот на смртни случаи во земјата достигна 9.515.
Институтот за јавно здравје регистрира 384 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 331.595.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 во земјата изнесува 638.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа реализирани се 1.088 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 2.159.252 тестирања.