Furkan Abdula
24 Декември 2021•Ажурирај: 25 Декември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 333 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 222.666, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период пријавени се 6 починати лица од Ковид-19. Дополнително, согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој Термин, пријавени се дополнително 5 лица, починати во период од 22.11 до 20.12.2021 година. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 7.879.
Институтот за јавно здравје регистрира 311 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 209.602.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 5.185.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 3.511 тестирањa за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.565.599 тестирања.