Furkan Abdula
23 Август 2020•Ажурирај: 24 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 137 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 13.595, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починало уште едно лице, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 564.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 58 оздравени пациенти од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 10.110.
Во моментот активни се 2.921 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.414 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 137.465 тестирања за Ковид-19.