Furkan Abdula
28 Септември 2020•Ажурирај: 29 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) - Во Северна Македонија во изминатите 24 часа се регистрирани 48 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 17.674, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на земјата информира дека починале уште 4 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 729.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 61 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на оздравени од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 14.642.
Во моментот активни се 2.303 случаи на Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 387 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 185.708 тестирање за Ковид-19.