Admir Fazlagic
26 Октомври 2020•Ажурирај: 27 Октомври 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа регистрирани се 247 нов случај на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 27.199, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се починати 15 лица, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 934.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 321 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти од почетокот на епидемијата во земјата достигна 18.948.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата е 7.317.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 737 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се реализирани вкупно 235.775 тестирања.