Admir Fazlagic
03 Јуни 2020•Ажурирај: 04 Јуни 2020
СКОПЈЕ
Во Северна Македонија во последните 24 часа се регистиррани 101 нови случаи на коронавирусот (Ковид-19) со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 2.492, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Северна Македонија соопшти дека се починати 4 пациенти од последиците на Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од овој вирус во земјата се искачи на 145.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 10 оздравени пациенти. Со ова, бројката на оздравени пациенти е 1605, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 742.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 974 тестирања на Ковид-19, додека досега во земјата се направени вкупно 32.161 тестирања на овој вирус.