Husamedin Gina
07 Септември 2020•Ажурирај: 08 Септември 2020
СКОПЈЕ (АА) – Во Северна Македонија во изминатите 24 часа регистрирани се 37 нови случаи на новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на дијагностицирани случаи во земјата се искачи на 15.127, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство информира дека починати се уште 6 лица, со што вкупната бројка на смртни случаи како последица на Ковид-19 во земјата се искачи на 623.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 251 оздравен пациент од Ковид-19, а вкупната бројка на излекувани од вирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 12.486.
Во моментот активни се 2.018 случаи со Ковид-19.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 484 тестирања за вирусот. Досега во земјата се реализирани вкупно 158.003 тестирања за Ковид-19.