Admir Fazlagic
15 Август 2020•Ажурирај: 16 Август 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 14 случаj на коронавирусот (Ковид-19), со што вкупната бројка на случаи со овој вирус во земјата се искачи на 12.653, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека од последиците на Ковид-19 се починати четри лица, со што вкупната бројка на смртните случаи се искачи на 539.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 93 оздравени пациенти од Ковид-19, со што вкупната бројка на оздравени пациенти е 9.123, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2.991.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2006 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 125.128 тестирања на овој вирус.