Kemal Karadağ
16 Август 2020•Ажурирај: 17 Август 2020
АНКАРА (АА) - Во Турција, според последните податоци, потврдени се 1.256 новозаразени лица со коронавирусот, додека 21 лице починало како последица на Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (AA).
Податоците што ги сподели министерот за здравство, Фахретин Коџа, кои се исто така достапни на веб-страницата на Министерството, покажуваат дека во Турција во изминатиот ден се извршени 67.214 тестирања за коронавирусот, а вирусот е потврден кај 1.256 лица.
Во истиот период починале 21 лице, додека регистрирани се 992 излекувани лица. Досега од вирусот оздравеа вкупно 229.972 лица.
Од почетокот на епидемијата во земјата извршени се 5.659.286 тестирања за вирусот, заразени се 248.117 лица, а починаа 5.955 лица.
Во тешка состојба се наоѓаат 668 пациенти.
„Стигнавме до најголемиот број новозаразени, најмногу позитивни во последните 45 дена. Критичен показател е бројот на пациенти со тешка клиничка слика, а расте бројот на заразени во ризичната група. Заедно да го намалиме бројот на заразени, бројот на лица со тешка клиничка слика...“, напиша Коџа.