Admir Fazlagikj
10 Јули 2020•Ажурирај: 11 Јули 2020
СКОПЈЕ
Во Република Северна Македонија во последните 24 часа се регистрирани 205 случаи на Ковид-19, што е досега најголем број регистрирани случаи во текот на еден ден. Со ова, вкупната бројка на регистрирани случаи со овој вирус во земјата се искачи на 7.777, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство соопшти дека се регистрирани три смртни случаи, со што вкупната бројка на смртни случаи од последиците од Ковид-19 се искачи на 368.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 336 оздравени лица од Ковид-19, што е најголем број регистрирани оздравени лица во еден ден досега. Вкупната бројка на оздравени пациенти со овој вирус изнесува 3.960.
Во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.449.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.728 тестирања на Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 74.562 тестирања на овој вирус.