Ekipa
17 Април 2022•Ажурирај: 18 Април 2022
СКОПЈЕ (АА) - Во изминатото деноноќие во Република Северна Македонија регистрирани се 89 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 308.605, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период не се регистрирани починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи во земјата изнесува 9.261.
Институтот за јавно здравје регистрира 55 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 298.306.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 1.038.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 1.649 тестирања за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.996.485 тестирања.