Abdula Berisha
20 Јуни 2022•Ажурирај: 20 Јуни 2022
СКОПЈЕ (АА) - Премиерката на Финска, Сана Марин, пристигна во Скопје, каде што ќе престојува во еднодневна посета на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Финската премиерка Марин беше пречекана пред Владата од премиерот Димитар Ковачевски, а предвиден е билатерален состанок на двете делегации. Најавена е и заедничка прес-конференција на премиерот Ковачевски и премиерката Марин.
Финската премиерка ќе има средба и со претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, како и со претседателот на Собранието, Талат Џафери.