СКОПЈЕ (АА) – Ифтар во Скопје организираше хуманитарната организација „Ел Хилал“ со поддршка на турската општина Бурса, јавува Агенција Анадолија (АА).
На ифтарот присуствуваа турскиот амбасадор во Скопје, Хасан Мехмет Секизќок, претседателот на здружението „Ел Хилал“, Бехиџудин Шехаби, заменик - градоначалникот на Бурса, Сулејман Челик и делегацијата што го придружува, пратеници на Народното собрание на Турција и Собранието на Северна Македонија, претставници на општина Бурса и на Чаир, претставници на институции од Турција и од Северна Македонија, политичари, бирократи и претставници на организации од земјава и други гости.
Во своето обраќање на ифтарот, амбасадорот Секизќок истакна: „Нашите браќа во Северна Македонија, со која Турција има длабоко вкоренети историски, човечки и културни врски, и денес продолжуваат да го одржуваат исламот, исто како што тоа го правеа нашите предци со векови наназад.

„Ова прекрасно единство создава атмосфера на заедништво. Открива дека месецот Рамазан е исклучително време кога социјалната солидарност и заедништво доаѓаат до израз повеќе од кога било. Честитки од се срце“, нагласи амбасадорот Секизќок.
Рефик Озен, пратеник на АК партијата од Бурса, пренесувајќи ги поздравите на претседателот Реџеп Таип Ердоган и на жителите на Бурса, рече дека постои само една земја, еден водач, која најмногу вложува напори за воспоставување и одржување на мирот на Балканот, особено во Румелија без да очекува ништо за возврат, а тоа се државата Република Турција, турската нација и претседателот Реџеп Таип Ердоган.

„Сакам да знаете дека ќе продолжиме со нашите напори на секое поле за одбрана на правата на нашите браќа во Северна Македонија, исто како што тоа го правевме досега“, рече пратеникот Рефик Озен.
Заменик-градоначалникот на општина Бурса, Сулејман Челик, наведувајќи дека не можеле да ги практикуваат рамазанските традиции во последните 2 години поради пандемијата, додаде: „За таа цел во различни делови на Балканот сакавме да го угасиме копнежот за ифтарските софри заедно со нашите браќа, роднини. Како општина Бурса, среќни сме доколку успеваме да бидеме мост меѓу вас и Турција.“

Од друга страна, претседателот на здружението Ел Хилал, Шехаби, наведувајќи дека Бурса со години соработува со општина Скопје и општина Чаир, рече дека оваа години ифтарот го организирале под мотото „Рамазан обединува“, затоа што за време на ифтарот на иста софра седнуваат луѓе од различни националности и различни политичари.
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, нагласувајќи дека соработката меѓу општина Чаир и општина Бурса ќе се продлабочи по пандемијата, истакна дека се среќни поради продолжувањето на традицијата на ифтар.
news_share_descriptionsubscription_contact
