Alma Dekovic
28 Ноември 2022•Ажурирај: 29 Ноември 2022
САРАЕВО - Земјотрес со интензитет од 4,4 степени по Рихтреровата скала регистиран е утрово во 8:49 часот на подрачејето Железно поле, информираше Федералниот хидрометеоролошки завод на БиХ, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ) објави дека земјотресот е регистриран северно од Зеница, на длабочина од 2 километри, недалеку од местата Жепча, Завидовиќи и Травник.
Засега нема информации за евентуална материјална штета или повредени лица.