Almir Terzic
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
ЉУБЉАНА (АА) - Словенечкиот премиер Јанез Јанша соопшти дека резултатот од брзиот тест бил позитивен на коронавирусот, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Успешно го избегнувавме коронавирусот две години. Вчера двете момчиња беа позитивни, мојот тест беше негативен. Денеска, за жал, и мојот е позитивен. Сите симптоми се класичните симптоми. Засега поблаги. Така и нека остане“, порача Јанша.
Во Словенија се регистрирани 5.076 новозаразени со коронавирусот, по направени 1.566 ПЦР-тестови и 52.036 брзи антигенски тестови.
Според податоците на Националниот институт за јавно здравство (NIJZ), во Словенија во моментов има 173.862 активни случаи на вирусот, што е за 12.387 случаи помалку од вчера.
Седумдневниот просек на потврдени случаи моментално изнесува 9.862, што е за 2.710 помалку од ден претходно, а бројот на потврдени случаи во последните 14 дена на 100.000 жители е 8.239, што е за 588 помалку од претходниот ден.