Almir Terzic
22 Декември 2021•Ажурирај: 23 Декември 2021
ЉУБЉАНА (АА) - Полицијата во Словенија уапси маж кој примил седум дози на вакцина против коронавирусот и чекаше за осмата, јавува Агенција Анадолија (АА).
Како што наведуваат полициските службеници, додека чекал за примање на осмата доза, полицијата уапсила маж кој веќе примил седум дози на вакцина.
Во изминатите два месеци бил вакциниран на разни места за вакцинација и се идентификувал со имиња на луѓе за да им даде потврда дека ја примиле вакцината.
Полицијата обвини пет мажи од подрачјето на Горењска и Љубљана за манипулација со вакцинацијата против Ковид-19.
Како што е соопштено од полициската управа на Крањ, првоосомничениот во последните два месеци на места за вакцинација се легитимирал во име на преостанатите осомничени и се вакцинирал за да им даде сертификат.
Пред да го приведе полицијата, мажот примил прва доза на вакцина за тројцата осомничени, а втората била нарачана. Тој веќе примил две дози на вакцина за четвртиот осомничен и за себе. Мажот вкупно примил седум дози на вакцина и е уапсен во обид за осма вакцинација.
За вакцините кои ги примил осомничениот, добивал пари. Останатите четворица осомничени ја искористиле неговата неволја и личните околности во своја полза и го навеле на кривично дело, и покрај можните последици за неговото здравје.
Полицијата го приведе мажот, а потоа судот му одреди притвор.