Admir Fazlagic
02 Декември 2019•Ажурирај: 02 Декември 2019
СКОПЈЕ (АА) - Инспекторатот на Град Скопје вечерва интервенираше во околината на фабриката Металски завод „Тито" (МЗТ) во Скопје, при што било утврдено дека истекла солна киселина од цистерна, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Инспекторатот на Град Скопје во пишано соопштение на официјалниот профил на социјалните мрежи ифнормираше дека по пријава од општински советник од скопската Општина Гази Баба, за непријатен мирис во околина на фабрика МЗТ, дежурните екипи Инспекторат на Град Скопје реалгирале и утврдиле дека се работи за истекнување солна киселина од цистерна.
„Се работи за правен субјект што работи со прекурзори, на лице место е констатирано дека се работи за истекување на солна киселина од цистерна, веднаш се превземени итни мерки за спречување на понатамошно истекување. Правниот субјект не поседува елаборат за заштита на животната средина, направен е записник за понатамошно постапување", се наведува во соопштението на Инспекторатот на Град Скопје.