Mahmut Geldi
15 Август 2021•Ажурирај: 16 Август 2021
БЕЈРУТ
Најмалку 20 лица загинаа, а 79 се повредени при експлозија на цистерна со гориво во северниот дел на Либан, известува Агенција Анадолија (АА).
Црвениот крст на Либан информираше дека несреќата се случила во регионот Акар, додавајќи дека на местото на несреќата се испратени 22 екипи со цел да им се помогне на ранетите и да се транспортираат телата на загинатите.
„Масакрот во Акар не е ништо поинаков од претходниот масакр во пристаништето во Бејрут“, објави Сад ал-Харири, премиерот на Либан утрово на својот профил на социјалната мрежа Твитер.
Либан се наоѓа во една од најголемите економски кризи на земјата во последните 30 години. Државата преку Централната банка субвенционираше околу 12 милиони литри гориво што се трошеа дневно, а потоа ги укина субвенциите.
Речиси сите бензински пумпи во Либан се затворени бидејќи Министерството за енергетика ја задржа старата цена и покрај укинувањето на субвенциите.
Војската пред два дена изврши упад на бензинските пумпи, запленувајќи десетици илјади литри бензин и нафта.