Admir Fazlagic
21 Јануари 2020•Ажурирај: 21 Јануари 2020
СКОПЈЕ (АА) - Утрово во скопската населба „Автокоманда“, на влезот во Скопје, се случи сообраќајна несреќа, во која се преврте едно транспортно возило, јавува Агенција Анадолија (АА).
Белото транспортно возило „фиат“ сè уште стои превртено на местото на настанот, каде што пристигна полицијата, при што се врши увид, а сообраќајната полиција го регулира сообраќајот со цел тој да се одвива непречено.
Очевидците велат дека сообраќајната несреќа се случила во утринските часови, но дека нема информации за потешко повредени лица.
Полицијата и надлежните екипи работат на расчистување на случајот.