Bojana Stojanovic
13 Јуни 2020•Ажурирано: 14 Јуни 2020
БЕЛГРАД (АА) - Во Србија, во изминатите 24 часа, како последица на коронавирусот Ковид-19 почина уште едно лице, а регистрирани се уште 76 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Вкупниот број на регистрирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 12.251. Од вчера, тестирани се 3.328 лица, од кои 76 се позитивни на коронавирусот.
Во земјата има активни 533 случаи на коронавирусот.
Во претходните 24 часа, како последица на Ковид-19 почина уште едно лице, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 253. Процентот на смртност е 2,07 проценти.
На респиратори се 15 пациенти, а досега се тестирани вкупно 301.117 граѓани.