Elena Trenchevska Chekovikj
27 Ноември 2025•Ажурирај: 28 Ноември 2025
СОФИЈА (АА) - Демонстранти се судрија со полицијата вечерва во главниот град на Бугарија, Софија, додека се обидуваа да ја пробијат безбедносната блокада за време на демонстрациите против Предлог државниот буџет за 2026 година, јавува Анадолу.
Стотици се собраа за да го спречат гласањето за буџетот, кој вклучува зголемени трошоци за плати во јавниот сектор, но и повисоки премии за осигурување за вработените во приватниот сектор.
Меѓу најкритикуваните предлози се зголемување на надворешниот долг на 37,6 милијарди евра, зголемување на пензиските придонеси за 2%, зголемување на максималниот износ на месечно обештетување за социјално осигурување на 4.600 лева (2.352 евра), зголемување на минималниот износ на 1.213 лева (620 евра).
Предлог-законот предвидува и удвојување на стапката на данок на дивиденда од 5% на 10%.