Fatjon Cuka
21 Декември 2016•Ажурирај: 22 Декември 2016
ТИРАНА (АА) - Во рамките на претседавањето на Албанија со Советот на министри за култура на југоисточна Европа (CoMoCoSEE), денеска во Тирана се одржува состанок на Комитетот на високи претставници на Советот на министри за култура во југоисточна Европа, јавува Anadolu Agency (AA).
Состанокот се одржува во албанското Министерство за култура и во текот на денот разни претставници на земјите ќе одржат дискусии. Тој се реализира во рамките на охридската регионалната стратегија за културна соработка во југоисточна Европа, во склоп на заедничката декларација на горенаведените министри, а со цел „одржлива заштита и менаџирање на културното наследство“.
Состанокот е поделен на четири сесии, кои имаат за цел размена на искуства, дискусии за културното наследство, нелегалната трговија со културно богатство итн.
На оваа средба исто така ќе се разговара и за подготовките за Конференцијата на министри за култура на ЈИЕ (CoMoCoSEE), која ќе се одржи во Тирана, во февруари 2017 година.
На состанокот учествуваат високи претставници на министерствата за култура од Албанија, Македонија, Црна Гора, БиХ, Хрватска, Словенија, Грција, Молдавија, Србија, Романија.