Fatjon Cuka
25 Февруари 2016•Ажурирај: 26 Февруари 2016
ТИРАНА (АА) - Денешната седница на Собранието на Албанија е завршена, така што претставниците на албанската опозиција фрлаа јајца кон премиерот Еди Рама, јавува Anadolu Agency (AA).
При крајот на седницата, албанскиот опозициски пратеници се собраа околу говорницата, барајќи измени во законот за декриминализација, а потоа фрлаа јајца кон Еди Рама.
Албанскиот премиер не беше погоден, а веднаш по инцидентот, во придружба на Републиканската гарда ги напушти просториите на Собранието.
Дебатата започна поради парламентарните активности на пратениците на владејачката Социјалистичка партија на Албанија Армандо Пренга, против кој неколку месеци се води судска постапка.
Пратениците на албанскиот парламент кон крајот на минатата година гласаа за промена на уставот и одобрување на законот за декриминализација со кој им се забранува на лицата со криминални досиеја да вршат јавните функции.