ИСТАНБУЛ (АА) - КААН БОЗДОГАН / ЗЕЈНЕП РАКИПОГЛУ -
Амбасадорката на Република Турција во Македонија, Тулин Еркал Кара, истакна дека ја продолжуваат нивната активна борба против терористичката организација ФЕТО во Македонија, и упати предупредување до семејствата да бидат внимателни поради ФЕТО.
„Ако не сакате вашето дете во иднина да расте како терорист, ве повикувам вашите деца да ги запишете во училиштата на Турција“, нагласува Кара.
Амбасадорката Кара во разговор со Anadolu Agency (AA) се осврна на односите меѓу Турција и Македонија, потсетувајќи дека Турција е меѓу првите земји кои ја признаа Македонија од самата независност, и дека односите меѓу овие земји се добри и на високо ниво.
Кара нагласи дека дипломатијата меѓу Турција и Македонија секогаш била во рамки на пријателството и братството, и дека Османлиската Држава која околу 600 години владеела во Скопје и регионот, донела цивилизација на овие територии и дала придонес во развојот на регионот.
Кара рече дека двете земји имат бројни заеднички точки, многу зборови се исти, а културите се блиски една до друга.
„Нашата култура е заедничка. Секој што доаѓа во Македонија се чувствува спокојно и мирно како да е во некој град, подрачје или село во Анадолија, во Турција“, додаде таа.
Народот во Македонија има позитивно мислење за турскиот народ и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган тука е многу сакан, и со голем желба го очекуваат.
- „Ако Турција закашла, Балканот ќе биде зафатен од пневмонија“ -
„Во случај денес Турција малку да закашла, Балканот, Македонија, Скопје, ќе бидат зафатени од пневмонија. Бидејќи Република Турција е најголемата земја на која можат да се потпрат. Нашиот почитуван претседател (Ердоган) го сакаат на тој начин што кога ги прегрнувам децата со Даунов синдром ми велат:„Носете ми го чичко Таип“. Имаше едно дете инвалид, не можеше да оди, ми се приближи и ми рече: Носете ме до чичко Таип“, истакна Кара, додавајќи дека Ердоган е многу сакан во овој регион.
Кара истакна дека им помагаат на лицата што имаат потреба во околината на Скопје и пошироко.
- „Ако не сакате вашето дете да расте како терорист, тогаш запишете го во училиштата на Турција“ -
Турската амбасадорка нагласи дека во секоја прилика во Македонија говорат за предавничкиот обид за државен удар на 15 јули во Турција, и дека на високите власти на Македонија им го пренесуваат следното: „Денес тоа се случи кај нас. Ве молиме бидете внимателни за истите нешта утре да не се случат и кај вас“.
Кара истакна дека некои училишта на ФЕТО во Македонија се именувани по познати турски поети, и дека на овој начин се нанесува штета на националните вредности. Според неа, вршат работи за промена на имињата на овие училишта.
Кара нагласи дека ФЕТО е терористичка организација која прогласи војна против Турција, и упати предупредување до семејствата кои нивните деца ги носат во училиштата на ФЕТО, да бидат внимателни поради оваа терористичка организација.
Кара се осврна на активностите на турската Фондација „Маариф“ во Македонија, и рече дека „Маариф“ продолжува да отвора училишта во Македонија.
„Во Тетово го реализиравме отворањето на едно училиште на Фондацијата „Маариф“. Излегов и им се обратив на семејствата. Ако не сакате вашето дете во иднина да расте како терорист, ве повикувам вашите деца да ги запишете во училиштата на Турција. Фондацијата „Маариф“ станува официјалното училиште на Турција“, истакна Кара.
Кара подлвече дека децата не се терористи, но менталитетот во училиштата во кои растат е терористички менталитет, и дека водат многу сериозна борба против ФЕТО.
„Националните личности на Турција (именувањето на едно училиште по Јахја Кемал) треба да ги тргнеме од училиштата на оваа терористичката организација во овие земји. Затоа треба да водиме многу сериозна борба“, додаде таа.
- „Скршено е влијанието на ПКК и ФЕТО“ -
Турската амбасадорка нагласи дека исто како што водат борба против ФЕТО, така водат борба и против структурите на терористичката организација ПКК.
„Како резултат на нашите активности сериозно е скршено влијанието на ПКК и ФЕТО. Ги запленуваме пасошите на лицата поврзани со ФЕТО и ПКК. Лесно не ја добивме оваа татковина. Во случај да имавме проблеми кога се случи одвратниот напад (15 јули), не ќе имавме некоја земја каде што би можеле да одиме. Затоа, сите ги повикувам на единство. Исти се пораките што ги упативме таму (во Македонија). Веќе две години сум на оваа функција, и таму (Македонија) кажуваме исти зборови. На нашите турски заедници им велам: „Дојдете да дејствуваме заедно и во единство“. Ако вие се делите, тогаш ние ќе изгубиме многу крв и вредности“, истакна амбасадорката на Турција во Република Македонија, Тулин Еркал Кара.