Salih Baran
24 Март 2017•Ажурирај: 25 Март 2017
ЕДРЕНЕ (АА) - Турски новинари беа спречени да влезат во Бугарија, каде што планираа да ги следат протестите на групите на радикалните десничари, јавува Anadolu Agency (AA).
Новинарите од Турција останаа на граничниот премин „Капитан Андреево“. Тие тргнаа за да ги следат протестите на десничарите поради коишто се затворени некои патишта, и на Турците им е отежнат пристапот до избирачите места и гласањето во Бугарија.
Граничната полиција не им дозволи на новинарите да влезат во Бугарија, со изговор дека во близина се одржуваат протести.
Иако новинарите побараа да се почитуваат и да се спроведуваат меѓународните договори, сепак не им беше дозволено да поминат.